Винарската визба Попова кула АД Демир Капија и подружниците (Групата) ја заврши 2025 година со загуба од 1.467 илјади денари, соопштија од таму преку Македонската берза.
-Во овој период Групата има остварено вкупни оперативни приходи во износ од 56.657 илјади денари. Споредено со истиот период лани овие приходи се намалени за 7.159 илјади денари.
Оперативните расходи изнесуваат 57.470 илјади денари и се намалени за 1.718 илјади денари споредбено со истиот период лани. Нивното намалување е резултат на намалената набавка на средства за заштита на лозови насади, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела Попова Кула во третиот квартал
Како работела Попова Кула во првата половина од годинава
Фото: Попова кула














