Едно семејство со хумана одлука, спаси два човечки животи

Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот”, одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност.

Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток.

Зад секоја трансплантација стои приказна за храброст. Приказна за семејство, кое во моментот на најголема загуба, помислило на некој друг. И приказна за пациенти кои денес дишат, живеат и се враќаат кон своите најблиски благодарение на тој гест.

Органодарителството не е само медицински чин, тоа е чин на длабока човечност. Секое „ДА” за донирање е потенцијална втора шанса за некој што чека.

„Секоја трансплантација е доказ дека и во најтешките мигови луѓето наоѓаат сила да мислат на другите. Благодарност до секое семејство што избра да подари живот,“ потенцира министерот за здравство, Сашо Клековски.

Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација вели дека зад секојa трансплантација стои тим, но пред сè стои една хумана одлука.

„Таа одлука е она што го прави можно чудото на новиот живот,“ вели Кузмновска.

На13 август е Светски ден на органодарителство, во рамките на кој се подигнува свесноста за значењето на дарувањето органи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести