Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, д-р Фадил Цана информираше дека на клиниката нема пациенти со стомачни проблеми поради водата во Скопје.
-На клиниката немаме такви податоци, дека има пријавени пациенти поради некое гастроинтестинално нарушување, зошто тоа нели по постапка дијагностичка мора да биде ова пријавено.
Засега има нормално зголемен број, со оглед на горештиниве. Бројот е зголемен, но, не е над нормалата во споредба со претходните години, тука е, во очекуваниот раст. Така што, немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби поради водата, поради пиење на вода, изјави Цана.
Денеска се појавија шпекулации дека во водата во Скопје има бактерија ешерихија коли, за што надлежните демантираа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителство отвора предмет за депонијата во близина на Рашче
Фото: МЗ














