Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчера во 14:32 часот било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира, но лекар констатирал смрт. На телото не биле забележани видливи повреди.
Со преземените мерки било утврдено дека станува збор за 46-годишниот Б.Д. од Грузија.
Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














