Кој е косовски Проекс интернационал кој го купува Тинекс

Македонското друштво за трговија на мало Тинекс маркет ДООЕЛ Скопје извесно време е во фокусот на јавноста поради бројните шпекулации за негова продажба и проблемите со финансиското работење.

Сега официјална потврда дека истото се продава стигна од Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски Проекс интернационал ги купува маркетите на Тинекс

Имено, како што информираа од таму, него сака да го купи Проекс интернационал Л.Л.Ц. од Приштина, Косово, кој за тоа ја известил КЗК.

Двете друштва уште минатиот месец веќе потпишале писмо за намери и рамка за трансакцијата.

Предмет на трансакцијата е мрежата маркети на Тинекс – МТ: Тинекс, СуперТинекс, Тинекс Деликатес, Конто и Спот.

За да се случи трансакцијата зелено светло треба да даде КЗК, која се уште нема донесено одлука.

Која е Проекс интернационал

Главна дејност на косовското друштво е трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутунски производи.

Тоа и Групата на која и припаѓа немаат поврзани субјекти регистрирани во Македонија, ниту пак лани оствариле приходи на македонскиот пазар.

Проекс интернационал стои позади Интерекс Косово, еден од најголемите малопродажни синџири во Косово.

Има 36 маркети во 18 градови и околу 1.700 вработени.

Лани остварил приходи од 235 милиони евра, а претходната година 223 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српски „Јасмин“ презема четири продавници на македонски „Космо“

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести