Во колку часот на 16. август настапуваат Paul Oakenfold и Paul van Dyk во Струмица

На 16. август Струмица ќе биде регионален центар на електронската музика.

По повод прославата на 35 години независност на Македонија во иста вечер во Градскиот парк ќе настапат пионерите на електронската музика – Paul Oakenfold и Paul van Dyk.

Настанот почнува во 20 часот по следниот редослед:

Бојан Хаџи: 20:45 – 21:30 часот.

Игор Циге: 21:30 – 22:40 часот.

Paul Oakenfold: 22:50 – 00:20 часот.

Paul van Dyk: 00:30 – 02:30 часот.

Претходниот ден исто така во Струмица, повторно во рамки на обележување на големиот јубилеј, концерт ќе имаат Меморија, Мизар и Синтезис.

И за двата настани влезот е бесплатен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меморија, Мизар и Синтезис ќе настапат во Струмица на 15. август за 35 години независност на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести