Меморија, Мизар и Синтезис ќе настапат во Струмица на 15. август по повод 35 години независност на Македонија.
„Се разбира дека прославата на 35 години независност на Македонија не може да помине без најдоброто од Македонија. Па, на наше големо задоволство, Ви ги најавуваме трите легендарни македонски бендови: Меморија, Мизар, Синтезис“, информираа од Авалон продукција.
Тие ќе настапат во Градски парк, а настанот започнува во 20 часот.
Влезот е слободен.














