Уште еден маж почина од западно-нилска треска.
Се работи за лице на 72-годишна возраст од Скопје, од каде се и најголемиот број на заболени годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку лица во Македонија досега починале од западно-нилска треска
Тој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Кај него била утврдена и клиничка слика на менингитис.
На Клиниката моментално има 24 лица, од кои неколку се на механичка вентилација.
Пред неколку денови Македонија го имаше првиот смртен случај на лице заболено од западно-нилска треска годинава. Почина 83-годишен маж од Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Какви симптоми имал починатиот маж од западно-нилска треска: Детали од ИЈЗ
Најмногу заболени со западно-нилска треска има во Драчево, повеќето се мажи
Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска
Фото: МЗ














