Забранета за пиење и готвење водата во Демир Капија

Од Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Бошава“ Демир Капија информираа дека водата од градскиот водовод не треба да се користи ниту за пиење, ниту за готвење.

Оваа следи, како што информираат од таму, откако лабораториски анализи на примероци земени во понеделник и вторник од истото мерно место покажале различни резултати. Првите резултати покажале дека водата не ги исполнува пропишаните услови за употреба, а втората дека ги исполнува.

Од таму најавуваат дека затоа во понеделник ќе се прави супер-анализа за да се утврди вистинската состојба.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести