5 клучни работи за безбедна храна при топлотни бранови

Високите температури создаваат поволни услови за брзо размножување на микроорганизмите во храната и го зголемуваат ризикот од болести предизвикани од небезбедна храна. Во периоди на топлотни бранови, особено внимание посветете на изборот, транспортот и правилното чување на храната, советуваат од Институтот за јавно здравје.

При купување храна

Купувајте храна од регистрирани оператори со храна и проверете ги рокот на употреба, изгледот на пакувањето и условите во кои се чува.

Месото, рибата, млекото и млечните производи, јајцата и другата лесно расиплива храна купувајте ги последни, непосредно пред да го напуштите продажниот објект.

Не купувајте замрзната храна доколку има знаци дека започнала да се одмрзнува.

Не купувајте производи со оштетено пакување, како и надуени, оштетени или ‘рѓосани конзерви.

Зачувајте го ладниот синџир

Лесно расипливата и замрзнатата храна пренесете ја до дома што е можно побрзо. При подолг транспорт користете термоизолирана торба или ладилник.

По купувањето, храната што изискува разладување, веднаш ставете ја во фрижидер, а замрзнатата храна во замрзнувач.

Подготвената и лесно расипливата храна чувајте ја во фрижидер на температура од –1 до 4 °C, а замрзнатата храна на –18 °C или пониска температура.

Не оставајте подготвена или лесно расиплива храна на собна температура подолго од 2 часа, а при високи температури настојувајте ова време да биде што е можно пократко.

Не одмрзнувајте замрзната храна на собна температура.

При престој на отворено

Не оставајте лесно расиплива храна изложена на директна сончева светлина или во загреано возило.

При излети, патувања и подолг престој на отворено, храната што бара разладување чувајте ја во ладилник или термоизолирана торба со средства за ладење.

Користете здравствено безбедна вода за пиење и подготовка на храна, а овошјето и зеленчукот добро измијте ги пред употреба.

Во периоди на високи температури, одржувањето на ладниот синџир и правилното чување на храната се особено важни за спречување на болестите што се пренесуваат преку храната.

Фото: Унсплеш/Илустрација: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести