Патнички сообраќај Транскоп АД Битола во првите шест месеци од годинава остварил вкупни приходи од 63.293 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во истиот период претходната година, истите бележат зголемување од 8.54%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Од овој приход, на основната дејност на Друштвото отпаѓа најголем дел, односно 63.193 илјади денари или 99,84%.
Оперативните приходи во износ од 63.193 илјади денари бележат зголемување од 8.5% во споредба со оперативните приходи во истиот период претходната година.
Финансиските приходи учествуваат со 0,16% во вкупните приходи, велат од таму.
Друштвото оствари добивка од 3.083 илјади денари и во споредба со остварената добивка во истиот период лани истата бележи намалување за 52.88%.
-Ваквото намалување на добивката се должи на тоа што се зголемени трошоците за набавка на гориво, а тоа е резултат на зголемување на горивото на светските берзи и зголемување на трошоците за плата, велат од таму.
Вкупните расходи изнесуваат 60.210 илјади денари и бележат зголемување од 14.02%.
-Најголемо учество во вкупните расходи со 36,73% имаат трошоците за вработените во износ од 22.116 илјади денари, кои пак бележат зголемување од 18,19% споредено со истиот период претходната година.
Останатите трошоци бележат исто така зголемување во однос на истиот период од претходната година.
Финансиските расходи бележат незначително зголемување во однос на истиот период од претходната година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Патнички сообраќај – Транскоп со добивка во првото полугодие
Фото: Унсплеш














