Јован Костадинов (20) од Виница, еден од хероите во пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, е меѓу добитниците на престижната светска награда „Младинска храброст 2026“.
Како што информираа од шведската Амбасада, тој е добитник на признанието за спасувањето на 21 лице во пожарот.

Оваа признание го доделува шведската Академија „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и шведските амбасади, а се однесува за млади од 13 до 20 години кои преку морални убедувања, иницијатива и конкретна акција поттикнуваат позитивни промени во светот.
Наградата е востановена во 2015 година во чест на Раул Валенберг, хуманитарецот од Втората светска војна, и таа има за цел да покаже дека младите се пример за другите и активни двигатели на подобро и похумано општество.
Добитници на признанието се уште 15 млади лица од различни страни на светот, а врачувањето ќе биде на 27. август во Стокхолм, Шведска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Личност на годината на еМагазин: Хероите во трагедијата во Кочани
Фото: Промо/Костадинов/Фејсбук














