Синдикалната кошница зголемена за 117 денари, во август изнесува 68.675

Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари, информира денеска Сојузот на синдкати на Македонија (ССМ).

За храна и пијалоци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облеја и обувки 6.511 денари, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.370 денари, за транспорт 5.175 денари, ресторани и хотели 4.131, за комуникациии 3.677, за хигиена 2.692, за здравје 1.196 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за август изнесува 84.050 денари

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести