(Видео) Телеком со нова кампања за Генерацијата Z: „Не биди само патник“

Дојче Телеком ја претстави новата кампања „Не биди само патник“ (Not a Passenger), насочена кон Генерацијата Z, испраќајќи силна порака до младите да не дозволат мислењата, алгоритмите и притисоците од дигиталниот свет да го диктираат нивниот живот.

Кампањата е дел од платформата #OwnYourWorld, преку која Дојче Телеком ги охрабрува младите да останат верни на себе и да носат одлуки водени од сопствените вредности, наместо од постојаниот наплив на содржини, мислења и очекувања на социјалните мрежи. Во време кога дигиталниот свет нуди безброј можности, но и бројни притисоци, пораката „Не биди само патник“ ги повикува младите да го преземат „воланот“ на сопствениот живот. На тој начин, Дојче Телеком продолжува да го исполнува своето основно ветување на брендот – Connecting Your World.

Повеќе информации за кампањата се достапни на: electronicbeats.net.

Во центарот на кампањата е филм во времетраење од 60 секунди со Ријан Тисдејл, фронтменката на британскиот инди-рок бенд Wet Leg, којшто е добитник на Греми награда. Низ симболична приказна, филмот прикажува како Ријан Тисдејл се соочува со постојаната дигитална бучава и со туѓите мислења коишто можат да ја оттурнат од нејзиниот пат. На крајот, избирајќи да остане верна на себе и да не биде само патник, таа го зема „воланот“ во своите раце, испраќајќи на тој начин порака за автентичност, самодоверба и личен избор.

Како дел од кампањата, корисници на Magenta Moments од Македонија добија можност да присуствуваат на ексклузивниот настан организиран од Telekom Electronic Beats, којшто ќе се одржи на 26. август во Берлин, а на кој Wet Leg ќе има свој настап.

Освен во Македонија, кампањата ќе се реализира и на останатите европски пазари каде што е присутен Дојче Телеком, односно во Австрија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Полска и во Словачка преку дигитални канали, социјални медиуми, медиуми надвор од домот (OOH) и интерактивни искуства од реалниот свет.

Повеќе од две децении, Telekom Electronic Beats, меѓународната музичка и културна платформа на Дојче Телеком, ги поврзува музиката, технологијата и современата култура, создавајќи заедница што ги инспирира младите генерации ширум Европа.

Повеќе информации за настанот се достапни на: electronicbeats.net.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести