Автомобилот кој удри во автобуска постројка на Бит Пазар го возел 22-годишник, кој излетал од патот: Детали од МВР

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека во раните утрински часови во 02:50 часот се случила сообраќајна незгода на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје, откако автомобил излетал од коловозот и удрил во повеќе објекти покрај улицата.

-Автомобил „Ауди“, управуван од 22-годишниот А. Ш. од Скопје, излетал од патот, по што удрил во канделабра, метално столбче и конструкција на автобуска постојка, велат од таму.

Во незгодата е причинета само материјална штета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Автомобил се заби во автобуската постојка на Бит Пазар, и ја сруши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести