Најризични за ширењето на западно-нилската треска каналите за наводнување

Најризични за ширењето на западно-нилската треска се каналите за наводнување во Скопско Поле, каде е прогласена епидимеја, кажа денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој меѓу друго посочи дека има два критериума за ризичност – застоеност на водата и високо ниво на органска материја.

-Водата треба да е застоена и да има отпад во таа вода. Примерите на високоризични води се генерално каналите за наводнување во Скопско Поле.

Серава е дел од проблемот во Арачиново и Бутел, каналите во Илинден, Стајковци и Сингелиќ во Гази Баба, главниот канал во Илинден на Скопско Поле, каналите во Драчево, Батинци и Студеничани, рече тој и подвлече дека реките кои се проточни не се ризик, бидејќи ризикот од ларви на комарците кои го пренесуваат вирусот е помал, а нема и многу органска материја и распадни материи.

-А и рибите се хранат со ларви, рече тој.

Како ризични ги посочи и септичките јами.

– Улиците и населените места со голем број септички јами влегуваат во висок ризик. Гробишта, заради застоената вода во вазните и присуството на органски материјали во нив.

И третата група се отпади за стари гуми или генерално старите гуми. Старите гуми и отпадите за стари гуми, ако не се соодветно чувани, се идеални престојувалишта за комарците, рече тој, подвлекувајќи дека ризични се и расипаните хидранти, скршените јавни чешми, саксиите со цвеќе што се чуваат надвор, старите буриња со дождовница…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Први случаи во Центар и Чаир: На 43 порасна бројот на заболени со западно-нилска треска

И кај гавран во Скопје потврдена западно-нилска треска

Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести