На 43 порасна бројот на заболени со западно-нилска треска во Македонија.
Регистрирани се и првите случаи во скопските општини Центар и Чаир.
Од овие случаи, како што информираше денеска министерот за здравство Сашо Клекоски, 40 се дефинитивно потврдени, а три случаи се потврдени со еден тест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како да се заштитите од комарци, кои пренесуваат западно-нилска треска
Скопје е центарот на епедимијата со западно-нилска треска и овде има 34 ризични подрачја од кои 13 се високоризични.
Општина Кисела Вода или поточно населбата Драчево е со најмногу случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 14 години во Македонија од западно-нилска треска починале 5 лица, годинава веќе има 4 починати
Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска
Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска
Фото: Унсплеш














