Во јули раст од 8,8% на депозитите и од 13,3% на кредитите

Податоците на Народната банка покажуваат дека на годишно ниво, вкупните депозити во јули бележат раст од 8,8%, којшто во поголем дел се должи на зголемените депозити на секторот „домаќинства“, при позитивен придонес и на депозитите на корпоративниот сектор.

На годишна основа пак вкупните кредити забележале раст од 13,3%, и во поголем дел истиот произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“.

Повеќе детали ОВДЕ.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести