Пожарникари од Битола и Кочани воделе вистинска борба со пламени јазици високи до пет метри, денеска во раните утрински часови кај прилепското село Бонче.
Огнот, во еден момент, почнал да се движи со огромна брзина кон селото, а густиот чад ги принудил пожарникарите да интервенираат со гас-маски.
„Има луѓе што 20 години биле на гаснење пожар, вакво нешто немаат видено. Во пет наутрo, низ падината се движеше пожар со голема брзина, со огнени јазици високи можеби три-четири метри,“ сведочи Ченто, еден од пожарникарите.
Огнената линија била долга, а теренот тежок поради ридовите и високата вегетација.
„Селото има 50-60 куќи, по ридиштата, со висока вегетација. Побарав помош и од пожарникарите во Прилеп и Кавадарци, а од Кавадарци сега се тука“, изјави Ангелов.
Во интервенцијата биле вклучени и доброволци од Битола, од кои дел, според Ангелов, се наголтале чад.
„Ако не беа тука, огнот ќе поминеше низ селото, а ќе имавме страшна глетка. Таму живее и млада мајка со бебе, што ја видов изминативе денови“, рече директорот на ДЗС.
Фото/Unsplash














