Владата ги задолжи трговците за намалување на цените на училишниот прибор до 15%

Владата на денешната владина седница донесе одлука со која се намалуваат цените на училишниот прибор, во периодот од објавување на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

„Со оваа одлука, трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10%, додека пак трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15%.
Мерката опфаќа широк спектар на производи кои се неопходни за почетокот на учебната година.

Ќе ми дозволите овде да ги набројам сè со цел да бидат семејствата и граѓаните запознаени: ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст-маркери, темперни, акрилни и водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли, лепила, шестари, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни, како и материјали за изработка,“ информираше портпаролката на Владата, Марија Митева.

Трговците се должни покрај новата, намалена цена на производот, да ја прикажат и старата цена која важела на 1 јуни 2026 година. Затоа што, токму оваа цена се зема како базична врз основа на која се утврдува намалувањето.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести