Со цел навремено и транспарентно информирање на јавноста за западнонилска треска, подготвена е нова веб-страница на МЗ и ИЈЗ за преглед на сите податоци од надлежните институции, приказ на ризични подрачја, кои превентивни активности се преземени во секое подрачје и сл.
„Во однос на превентивните активности кои се преземаат, завршена е четвртата тура прскање против возрасни комарци во Скопје. Во моментот се направени вонредни прскања против комарци по индикација во шест од ризичните подрачја, додека по 14 август, согласно претходниот пресек на состојбата се извршени вонредни – по индикации прскања во повеќе подрачја, меѓу кои Кисела Вода (Драчево), канали во Гази Баба, Зелениково, Студеничани, Бутел и Ѓорче Петров,“ информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прв случај на западнонилска треска во Куманово, до сега 50 заразени со вирусот
Фото/Unsplash














