Заклучно со 25. август во Македонија има вкупно 50 случаи на западно-нилска треска, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 47 се водат како потврдени, а три како веројатни.
Според место на живеење на заболените, 48 случаи се од Скопје, а по еден случај е од Велес и Куманово.
Регистрирани се 49 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.
Од регистрираните случаи, 39 се машки, а 11 се женски.
Во однос на возрасната дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 40 (80%), седум се лица на возраст од 50-59, едно лице на возраст од 30-39, а две лица на возраст од 20-29 години.
Просечната возраст изнесува 66,1 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска
Како да се заштитите од комарци, кои пренесуваат западно-нилска треска
Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска
Фото: Унсплеш














