Шеста жртва од западно-нилска треска, почина 72-годишен маж од Скопје со коморбидитет

72-годишен маж, кој се лекувал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, е шестата жртва на западно-нилскиот вирус во Македонија, информираше денеска директорот, Фадил Цана.

Починатиот пациент бил со коморбидитет и бил хоспитализиран пред 15 дена на Клиниката, во исклучително тешка општа состојба, со тешка клиничка слика.

„Моментално на клиникава има 18 пациенти, од кои 15 се со лабораториски потврдена западно-нилска инфекција, невроинвазивна форма, додека тројца пациенти се клинички суспектни на западен-нил невроинвазивна форма на инфекција,“ рече Цана.

Во моментов, најмладиот пациент на Клиниката има 26 години и е во добра здравствена состојба.

Во Одделот за интензивна нега, со тешка клиничка слика се уште петмина пациенти и сите се во напредната возраст, повозрасни.

До денеска, на Клиниката биле или се хоспитализирани 51 пациенти, од кои 27 досега се излекувани и испишани од Клиниката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Од 100 пријави на угинати птици, две во Ресен и Скопје се позитивни на западнонилски вирус, велат од АХВ

Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска

Од каде се и на која возраст се заболените од западно-нилска треска во Македонија

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести