4-годишно девојче и 11-годишно момче од Македонија се меѓу загинатите во сообраќајката во Словенија

Девојче на возраст од четири години и момче на 11-годишна возраст од Македонија се меѓу тројцата загинати во сообраќајната несреќа која се случи вчера во Словенија, соопшти Полициската управа во Копер, Словенија.

Третото починато лице е 74-годишна жена.

Сите починале на лице место.

Дека во несреќата загинале две малолетни лица и едно возрасно, во меѓувреме потврди и македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.

Во несреќата е повредена и мајката на децата која е на возраст од 33 години, а нивниот татко (39), кој го управувал возилото не е повреден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две се деца: Загинатите од Македонија во сообраќајката во Словенија се од Центар Жупа

Почината жена е мајка на 39-годишниот маж, а станува збор за семејство од селото Житинени, Општина Центар Жупа, кое живеело во Равена, Италија.

Засега не се објавени нивните имиња.

Несреќата се случила на на автопатот А1, во близина на Унец, откако 39-годишниот маж со „ауди А4“ со италијански регистарски таблички удрил во задниот дел на приколка на камион, кој бил застанат поради дефект, во лентата за запирање. Претходно удрил во заштитна ограда.

Камионот го управувал 64-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, кој во моментот на несреќата се наоѓал во кабината и не е повреден, пренесуваат словенските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавени фотографии од местото на несреќата во Словенија во која загинаа две деца и жена од Македонија

Тројца македонски државјани загинаа во сообраќајка во Словенија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести