Словенечката полиција објави фотографии од местото на сообраќајната несреќа која се случи вчера во Словенија, а во која загинаа две деца и возрасна жена од село Житинени, Општина Центар Жупа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
4-годишно девојче и 11-годишно момче од Македонија се меѓу загинатите во сообраќајката во Словенија
Станува збор за лица од исто семејство, а мајката на починатите деца е во болница.
Нивниот татко не е повреден, а несреќата се случила откако тој со возило „ауди А4“ прво удрил во заштитна ограда, а потоа во паркиран камион.
Возачот на камионот не е повреден. Во моментот на судирот бил во кабината.
На возачот на автомобилот му биле направени брзи тестови за присуство на алкохол и наркотици во крвта, кои покажеле дека бил трезен и не бил под дејство на дрога за време на несреќата, информираше словенечката полиција.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две се деца: Загинатите од Македонија во сообраќајката во Словенија се од Центар Жупа
Фото: Словенечка полиција














