Во „Пулс“ за 13 години немало ниту една противпожарна контрола

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани од страна на вештото лице Викторија Будимовска Секуловска, меѓу друго беше кажано дека во објектот во периодот од 2012 до 2025 година не била извршена ниту една инспекциска контрола од страна на инспектор за противпожарна заштита.

Таа исто така рече дека со вештачењето било утврдено дека дека во објектот имало истакнато само еден план за евакуација и дека главната влезно-излезна врата не била противпожарна.

Вештото лице Маријана Лазаревска пак го потенцираше тоа што веќе беше кажано во текот на судењето, дека иницијалниот извор на пожарот се прскалките, но посочи дека можноста да се запали нешто во објектот, припаѓа на сунѓерот, и дека тие две работи се поврзани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пулс“ не требало да биде дискотека

Сите градежни зафати во „Пулс“ биле нелегални

Цеолосно изгорел сунѓерот за акустичната изолација во “Пулс“, вештаците не успеале да најдат остатоци

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести