„Alias in Wonderland“ e дебитантски албум на _semism_, соло проект на Семи Исмаили од Тетово.
„Неговата музичка пракса подразбира контемплација и брзи прсти за кодирање во живо (live computing), користејќи софтвер, звук и процеси во реално време за создавање постојано променливи електронски пејсажи.
„Alias in Wonderland“ e патување низ хиперпросторот со брзина од 2222 километри на час, со кривини што водат право кон вртлогот. Времето и просторот постојано се поместуваат, а на крајот, или можеби на самиот почеток, секој патник добива свој псевдоним и пристап до земјата на чудата, простор што постои околу, внатре и надвор од ткивото на времето.
Билет во еден правец: https://stotrojka.bandcamp.com/album/alias-in-wonderland,“ се вели во соопштението.














