(Фото) Инвестиција од 7 милиони денари: Свечено отворен Capitol Park во Аеродром

Со голема посетеност, многу детски џагор, насмевки и позитивна енергија, свечено беше отворен Capitol Park – новиот детски парк што Capitol Mall го донира на Општина Аеродром.

За само 4 месеци, на површина од 1.000 м2 е изграден Capitol Park, проект вреден 7 милиони денари.

Просторот е создаден како современо место за игра, дружење и рекреација, со богати содржини за деца од 3 до 12 години и посебна фитнес зона за посетители над 14 години наменета за спорт и здрав и активен живот.

Свеченото отворање привлече голем број семејства и прерасна во вистинска детска прослава, дополнета со настапот на Детскиот фестивал „Поточиња“, омилените маскоти, бројни моменти исполнети со радост.

Посебна вредност на настанот му даде и неговиот хуманитарен карактер. Во соработка со Црвениот Крст, се собираа донации, училишен прибор и средства за деца и семејства на кои им е потребна нашата поддршка, испраќајќи силна порака за солидарност, хуманост и заедништво.

Со реализацијата на Capitol Park, Capitol Mall ја продолжува својата посветеност кон општествената одговорност, семејните вредности и создавањето содржини со трајна вредност за локалната заедница, потенцираат од таму.

„Посебна благодарност до инвеститорите на проектот, Даниела Адемоска и Ајдован Адемоски, како и до градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, за нивната визија, поддршка и посветеност во реализацијата на проектот.

Со нивната заедничка заложба, идејата за Capitol Park денес е реалност – нов простор за игра, дружење и создавање убави спомени, кој ќе ги радува најмладите и идните генерации,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести