Едно лице загинало синоќа на магистралниот пат Охрид-Кичево, откако со возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки прво удрило во кучиња скитници, па во метални браници на патот, по што возилото се запалило.
Од полицијата информираа дека запаленото возило било изгасено од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, која во возилото го нашла телото на починатиот возач, за кој засега нема повеќе информации.
Неговото тело е предадено во Судска медицина на обдукција и за утврдување на идентитетот.
Фото: Унсплеш














