Македонскиот БДП пораснал за за 4.3% во второто тримесечје

Бруто-домашниот производ (БДП) порасна за 4.3 % во второто тримесечје од 2026 година во однос на второто тримесечје од 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во секторот Ѓ – Градежништво од 21.9% и од 5.1% во секторите Њ, О и П – Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби.

Финалната потрошувачка во второто тримесечје од 2026 година номинално расте за 7%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 83.2%.

Бруто-инвестициите во второто тримесечје од 2026 година номинално растат за 14.5% како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2026 година, во однос на второто тримесечје од 2025 година, е 4%. 

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести