Ramstore City Mall добива нов, современ и унапреден супермаркет

Ramstore маркетот во City Mall е во процес на целосно реновирање и унапредување, со цел на потрошувачите да им понуди уште поквалитетно, современо и пријатно искуство при секоја посета.

Во текот на реновирањето, маркетот продолжува да работи и да им биде достапен на своите потрошувачи, при што во одредени периоди може да има привремени ограничувања поврзани со изведувањето на работите.

Со новото уредување, Ramstore City Mall ќе биде трансформиран во современ маркет, креиран и опремен согласно современите стандарди, со подобрена функционалност и уште попријатен амбиент за пазарење.

Големото отворање на реновираниот маркет е предвидено за 1 ноември, кога потрошувачите ќе имаат можност да го посетат новото издание на Ramstore City Mall.„Ова е уште еден чекор во нашата посветеност кон постојано унапредување на услугата и создавање подобро искуство за нашите потрошувачи.

Со новиот концепт сакаме да понудиме модерен простор, усогласен со современите стандарди и потребите на потрошувачите.“Од Ramstore им се заблагодаруваат на сите потрошувачи за разбирањето, трпението и поддршката во периодот на реновирањето и ги покануваат на 1 ноември да го посетат новиот и современо уреден Ramstore маркет во City Mall.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести