Пожарот кој веќе неколку дена гори на територијата на Косово, кај селото Грачани се чувствува и во Скопје, посебно во вечерните часови.
Облак од дим посебно се чувствува во Карпош, Ѓорче Петров, Центар и неколку скопски населби.
Иако во неговото гаснење учествуваа и македонските ер-трактори, веќе неколку дена, тој им задава проблем на пожарникарите, за кои директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вели дека се преморени.
Најкритична е состојбата во општините Ѓорче Петров, Македонски Брод, Струга и Маврово и Ростуше.
Фото/Unsplash














