Генералниот секретар на Владата, Јанушев се оградува од возачот на СОЗР, кој барал мито

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев се огради од возачот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), кој е уапсен и за кој се бара притвор, поради барање на мито, за посредување за вработување на лице како пожарникар, кој и го пријави.

„Во однос на мене лично, сакам да бидам кристално јасен дека целосно се оградувам од постапувањето на приведеното лице. Неговото постапување нема никаква врска со мене, со мојата функција, со моето работење или со каква било моја одлука или постапка. Лицето е возач кој во минатото работел и кај други функционери, а на позицијата возач кај генерален секретар е само околу шест месеци. Неговото незаконско постапување е исклучиво негова лична одговорност и за стореното треба да одговара пред надлежните институции“, вели Јанушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсениот возач во СОЗР на Владата побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар: Детали од Обвинителство

Што велат од Влада за уапсениот возач на СОЗР, за примање мито

Фото/Фејбсук-Јанушев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести