Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, утрово во 05:35 часот се предал на Граничниот премин Долно Блаце, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Тој бил уапсен и спроведен во Казнено поправната установа Затвор Скопје.
Додека беше во бегство повеќе од една година, му беше одреден притвор.
Тој е првообвинет во случајот за набавка на видеолотариски терминали за коцкање во државната компанија, во кој обвинетите се товарат за злоупотреби и проневера на околу 9,7 милиони евра од Државна лотарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се предаде и Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија
Каков имот пријавил Артан Груби
Фото: МВР














