Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за 12. септември, ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11. септември, со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија во Скопје.
Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев.
„Нешто што ќе остане“ годинава се одржува по четврти пат, а музичката вечер е дел од одбележувањето на големиот јубилеј – 50 години Општина Центар.
Фото: Општина Центар














