Во сообраќајна несреќа вчера загина 21-годишниот фудбалер Даниел Николовски од Тетово.
Несреќата се случила на патот Гостивар–Стража откако се судриле две возила „голф“, едното со гостиварски, а другото со тетовски регистарски ознаки.
Со едното управувал починатиот Николовски, а со другото 34-годишниот А.И. од селото Чегране, сооопштија од полицијата.
Во возилото со Николовски бил и 21-годишниот Ф.Ј. од Тетово, а во другото 28-годишниот Х.К. од Гостивар.
Николовски е поранеше фудбалер од младинска категорија на фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово, а моментално играше за хрватскиот клуб “Витез“ Поседарје.
Фото: ФК Тетекс














