Од Агенцијата за за храна и ветеринарство (АХВ) информираа дека при вонреден надзор на забавниот парк “Зимзоленд”, во Скопје, Агенцијата утврдила дека организаторот не е регистриран како оператор со храна и воопшто не ја известил Агенцијата дека ќе се продава храна.
-Поради неисполнети хигиенски услови, изречени се парични казни.
Поради неисполнување на основни хигиенски услови за поставување на штандови на кои ќе се произведува и ќе се врши промет со храна, АХВ изрече мерки на секој штанд (на физички и на правни лица), но и на правното лице организатор на манифестацијата „Зимзоленд“. Нему покрај парична казна, изречена му е и мерка времена забрана за вршење дејност производство и промет со храна, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се затвори ли забавниот парк Зимзоленд во Скопје?












