Ако нема правда, родителите на загинатите во Кочани, вистината ќе ја обелоденат во меѓународни рамки

Вчера во Кочани, по осми пат маршираа родителите на загинатите и повредените во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, а подршка им дадоа и граѓани од градот и други места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осми „Марш на ангелите„ во Кочани

Како и на сите досегашни маршеви тие побараа неселективност во постапката, а ако не ја добијат правдата дома, најавија дека вистината ќе ја обелоденат во меѓународни рамки.

Истрагата за пожарот која ја води Основното јавно обвинителство Кочани заврши, а засега не е познато колку обвинети ќе има. Осомничени се 46 лица, а некои од нив може да не бидат обвинети.

Во тек е разгледувањето на доказите од страна на одбраната на осомничените, по што треба да има обвинителен акт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Распит на 400 сведоци, бројни докази и 46 осомничени: Детали од Обвинителството за истрагата за пожарот во Кочани, која заврши

Осомничен и сопственикот на објектот во кој работела дискотеката „Пулс“ во Кочани: Истрагата за пожарот се проширува

Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, запеа за првпат по пожарот во Кочани

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести