Ако продолжи војната помеѓу Израел и Иран, инфлацијата ќе не дотепа

Инфлацијата во Македонија и пред конфликтот помеѓу Израел и Иран, кој веќе прераснува во отворена војна веќе бележеше раст. Во мај таа изнесуваше 3,3%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата пак расте, во мај 3,3%

Дека истата може да продолжи да расте, ако војната помеѓу овие две земји продолжи, сведочи и цената на бензините и горивата во Македонија, кои веќе почнаа да растат, како резултат на глобалниот раст на цената на нафтата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на дизелот порасна за 2,5 денари

Следствено на растот на цената на горивата, за очекување е да има нов раст на цените за производство кај сите бизниси, што ќе доведе до раст на цената на крајниот производ, на што предупреди и академик Таки Фити, кој посочува дека војната помеѓу Израел и Иран, во комбинација со војната во Украина, но и трговските војни, ќе создаде поризична средина со силни негативни импликации врз економијата и развојот на земјите.

„Цената на нафтата е многу значајна, бидејќи е инпут во производство на огромен број производи – од една страна е енергент, а од друга многу производи технолошки се базираат на користење нафта“, изјави тој пред неколку денови, нагласувајќи дека за Македонија, опасноста е уште поголема поради структурата на економијата и високата увозна зависност за многу производи и енергија.

„Како растат цените во тие земји, така таа инфлација се увезува и кај нас. Зависи колку ќе трае војната, тоа ќе ги зголеми трошоците на производство на сите бизниси и тоа е многу сериозен проблем“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војната помеѓу Израел и Иран ќе удри и по нашиот џеб, цената на нафтата почна да расте

Растот на цените ја забрзаа инфлацијата во мај, оценуваат од Народна банка

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести