Едно од најголемите изненадувања на локалните избори беше победата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кичево. Нов градоначалник стана Александар Јовановски, а партијата таму немаше градоначалник од 2009 година.
Јовановски го победи кадарот на опозициската ДУИ, Фатмир Дехари, кој беше градоначалник во дури три мандати.
еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.
Кој е Јовановски
Јовановски е доктор по општа медицина, и работи во сопствена приватна здравствена установа Драга-Медика Плус во Кичево, која го носи името на неговата покојна мајка.
Завршил Медицински факултет, а извесно време работел и во О.С.У. Мирко Милески, во кое предавал медицински предмети.
Тој е голем љубител на музиката и како младинец со брат му имал и бенд.

Неговата сопруга Линдита Лимани Јовановска, која во текот на изборна кампања и се обрати на јавноста, е етничка Албанка. Таа е професорка по англиски јазик.
Тие имаат три деца, Јана, Живко и Дафина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Владко Грозданов, новиот градоначалник на Кочани
Која е Бети Стаменкоска Трајкоска, новата градоначалничка на Кисела Вода
Кој е Дејан Проданоски, новиот градоначалник на Прилеп
Фото: Фејсбук/Јовановски














