Александар Нацев, поранешен функционер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, за кој медиумите пишуваа дека е „сокриен“ сопственик на агенцијата за обезбедување на лица и имот „Рубикон“ е новиот осомничен во истрагата за пожарот во т.н. дискотека/кабаре „Пулс„ во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За него денеска од Основното јавно обвинителство информираа дека е „реалниот“ сопственик на агенцијата, која ја обезбедувала т.н. дискотека и дека вчера се извршени претреси во Пробиштип, од каде е Нацев, како и во Скопје и во неговиот автомобил.
Од таму била одземена документација во врска со агенцијата, а за него е побаран притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден е во тешка состојба: 12 повредени во пожарот во Кочани се уште на болничко лекување
Сашка Кузманова прави перики за повредените во пожарот во Кочани
Фото: Нацев/Фејсбук