Крилото на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари, која на престојните локални избори настапува како дел од Европскиот фронт, предводен од ДУИ, соопшти имиња на четворица кандидати за градоначалници.
Ваљбон Лимани, кој е актуелен градоначалник на Гостивар, ќе се кандидира за нов мандат, за Сарај кандидат е партискиот генерален секретар Блерант Рамадани, за Теарце, кандидат е претседателот на партиското Собрание, Назим Таипи, а за Врапчиште Исен Шабани.
Фото: Таравари/Фејсбук