Алиу уверува дека воздухот во Скопје не е загаден, но препорачува граѓаните да не се движат надвор ако тоа не е неопходно

Министерот за здравство Азир Алиу уверува дека иако мириса, воздухот во Скопје не е загаден на тој начин што би предизвикал здравствени проблеми кај граѓаните.

„Ние заедно со Институтот за јавно здравје прво анализираме дали постои некој тип загадување на ниво на штета по здравјето на граѓаните. Ве уверувам дека мирисот се чувствува и не е пријатен, но воздухот во моментот не е на ниво на загаденост кое предизвикува здравствени проблеми кај граѓаните. Сепак препорачувам граѓаните да не се движат надвор ако тоа не е неопходно,“ рече Алиу.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска исто така најави дека општествено одговорни компании со механизации ќе влезат во депониите Вардариште и Дрисла и најави решавање на овој децениски проблем. Со новиот градоначалник рече дека е можно да се изгради производна единица, која што ќе го користи метанот за производство на струја.

Директорот на Дирекцијата за заштитат и спасување, Стојанче Ангелов, денеска изјави дека освен со механизација, пожарот во Дрисла се гаси и со ер-трактори кои користат специјална пена.

Во Вардариште е ангажирана Агенција за обезбедување, за да се спречи намерно палење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрисла го отру Скопје: Бура од реакции на социјалните мрежи

Ер-трактор со посебна пена, го гаси пожарот на Дрисла

Општествено одговорни градежни компании со механизација ќе го решаваат проблемот во Дрисла, најави Мицкоски

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести