Вкупните инвестиции во основни средства на Алкалоид АД Скопје во периодот јануари – септември 2025 година изнесуваат 929.289.935 денари, информираше компанијата.
Во овој период во Алкалоид АД Скопје се реализирани 46 нови вработувања во Македонија.
-Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2025 година е одобрен и исплатен регрес во висина од 44.500 денари нето-износ за користење годишен одмор за вработените во компанијата, велат од таму.
Групацијата Алкалоид брои 2.996 вработени, од кои 2.251 се во земјава, а 745 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Алкалоид














