Вкупните остварени единечни приходи на Алкалоид АД Скопје во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 7.189.776 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат раст од 3%, соопшти компанијата преку Македонската берза.
-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 94%, имаат приходите остварени од продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2024 година бележат раст од 1%.
Вкупните остварени консолидирани приходи во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 10.465.963 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат раст од 9%.
Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени од продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2024 година бележат раст од 7%.
Вкупните остварени единечни расходи во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 6.164.736 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат раст од 3%.
Вкупните остварени консолидирани расходи во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 9.494.769 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат раст од 9%, велат од таму.

-Како докажан партнер на јавното здравство, компанијата активно учествува во обезбедувањето на најсовремени ретки и специфични терапии преку застапување на производите на светски реномирани фармацевтски производители, обезбедувајќи значајна поддршка за здравствениот систем во земјава.
Иако профитабилноста на овие програми е ограничена, тие значително го зголемуваат учеството на домашниот пазар во вкупните консолидирани продажби, каде што се остварени 34%. Во споредба со истиот период од минатата година, продажбите во земјава бележат раст од 19%, велат од таму.
Странските пазари заземаат 66% од вкупните консолидирани продажби.
-Продажбите на странските пазари во првата половина од 2025 година бележат раст од 1% во однос на минатата година. Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во земјите од Југоисточна Европа (раст од 9%). Во периодот што следува очекуваме кумулативните пласмани на странските пазари, да ги надминат минатогодишните.
Намалувањето на продажбите на Антибиотиците и ОТЦ лековите во голема мера се должи на сезоналитетот на настинки и грипови кој имаше забележителен пик во првата половина од минатата година, а во оваа година истиот не се повтори. Во сегментите Козметика и Билка падот се должи на намалените и ограничени цени и маржи на речиси целото портфолио во Македонија и во Црна Гора, велат од таму.

Остварената единечна нето-добивка во 2025 година изнесува 941.846 илјади денари и во споредба со остварената во 2024 година бележи зголемување за 7%.

Остварената консолидирана нето-добивка во 2025 година изнесува 855.738 илјади денари и во споредба со остварената во 2024 година бележи зголемување од 4%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се движела цената на акцијата на Алкалоид во првото полугодие
Инвестиции од 615,1 милиони денари и 21. ново вработување во Алкалоид во првото полугодие