Влегувањето во вториот круг на Амар Мециновиќ, кандидат на опозициската Левица, за избор на градоначалник на Град Скопје, е едно од најголемите изненадување на овие локални избори.
Благодарение на кампањата која се разликува од тоа што вообичаено го гледаме и слушаме од Левица, тој ќе се бори за оваа функција на 2. ноември, со кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трето пласиран во трката за градоначалник на Град Скопје, според податоци на Државната изборна комисија (ДИК) е кандидатот на владејачката коалиција Вреди, Башким Бакиу, на четврто е кандидатката на коалицијата предводена од опозициската СДСМ, Каја Шукова, а на петто кандидатот на коалицијата предводена од опозициската ДУИ, Скендер Реџепи.
Левица освои и шест советници во Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Мециновиќ
Мециновиќ е најмладиот кандидат за градоначалник на Град Скопје на овие локални избори.
Роден е на 16. јули 1996 година во Скопје.
Како што е познато тој е актуелен пратеник на Левица во македонското Собрание.
Образование
Завршил Правен факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Таму и завршил додипломски на политички науки.
Со политика почнал да се занимава уште додека бил студент.
Освен што е политиколог, тој е и активист за социјална правда.
Политичка кариера
Во 2022 година станал член на Советот на Град Скопје.
Во 2024 година стана пратеник на Левица во македонското Собрание, како кандидат од втората Изборна единица.
Тој е член на Президум на Левица, кое е највисокото раководно тело на партијата.
Мециновиќ е и портпарол на партијата.
Приватно

Како што може да се види на неговиот Фејсбук профил тој е љубител на планинарењето.
По потекло е од скопски Чаир, а како што посочува во интервјуа направени периодов потекнува од семејство со скромни примања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 32 градоначалници
СДСМ во првиот круг има градоначалници во три општини
Меџети стана градоначалник, кој ќе биде нов прв вицепремиер?
Фото: Фејсбук/Мециновиќ