Апелација повторно го осуди Васил Јованов на казна затвор од три години и девет месеци, за дрога

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов и повторно го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепана пресуда и го врати случајот на повторно судење.

„Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, се осудува на единствена казна затвор во траење од три години и 10 месеци,“ се вели во соопштението од Апелација.

Врховниот суд на 7 мај ја укина пресудата од 3 години и 10 месеци затвор во второстепената постапка и случајот го врати на повторно судење.

На 13 мај Васил Јованов, беше осуден на казна затвор од 12 години врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова на Партизанска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Васил Јованов не се појави на Суд, делото преквалификувано во поблаго

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести