На “Блаце“ уапсен Артан Груби

Утрово на граничниот премин “Блаце“ за влез од Косово во Македонија е уапсен поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кадар на ДУИ, кој се бараше со меѓународна потерница.

Од Македонија избега во декември 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фотографии од апсењето на Груби

Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија, за наводна проневера на околу осум милиони евра, заедно со поранешниот директор на Лотарија, Перпарим Бајрами, кој се уште е во бегство.

Груби од декември 2024 година е на т.н. црна листа на САД, на која беше ставен заедно со разрешениот судија од Апелацискиот суд, Енвер Беџети, поради примање мито за да ги развлекуваат предметите поврзани со поранешниот прв човек на поранешната Управа за разузнавање и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

По бегството за Груби се шпекулираше дека е во Косово или Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавено и видео од апсењето на Груби

МВР го потврди апсењето на Груби

Артан Груби се крие во Приштина?

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести