Марихуаната од Македонија во Србија влегла како перници, објави КОД

Марихуаната која неодамна бееше запленета во Србија од Македонија влегла декларирана како „квалитетни лесни македонски перници од Прилеп“, објави КОД, која се емитува на телевизијата Телма.

Тие “требало“ да патуваат за Манчестер, Велика Британија.

Но, наместо перници во камионот имало 200 кутии од по 6 килограми марихуана.

Тие биле натоварени во камион на паркинг кај Свети Николе, а таму била донесена со повеќе возила од Алфафарм ДОО Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е фирмата Алфафарм регистрирана во Македонија, чиј косопственик е уапсен во Србија

Дрогата била претоварена во камионот претходно деклариран дека ќе извезува перници, а била спакувана во двојно најлонско пакување, за да се намали мирисот и да не се предизвика внимание на кучињата трагачи на граница.

Камионот ја поминал границата на Стара Нова Година, ноќта меѓу 13 и 14 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се условите за да фирма добие лиценца за производство на медициниска марихуана

Ексклузивно: Кои се фирми имаат лиценца за производство на медициниски канабис

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести