Аутомакедонија ќе продава 4.980 сопствени акции

На престојното Собрание на акционери на Аутомакедонија АД Скопје, една од предлог одлуките е и продажба на сопствени акции, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Според предлог одлуката ќе се продаваат 4.980 акции во вкупна номинална вредност од 13.645.200 денари.

-Номиналната вредност на една акција изнесува 2.740 денари. Продажбата на сопствени акции ќе се врши најмалку по просечна пазарна цена на акциите постигната на овластена берза во последните три месеци пред донесување на одлуката за продажба на сопствени акции.

Сопствените акции Аутомакедонија ќе ги продава на начин и постапка предвидени со одредбите од Законот за хартии од вредност на Р. Македонија.

Собранието на акционерите на Аутомакедонија АД Скопје го овластува Управниот одбор на Аутомакедонија да го утврди начинот на продажба и продажната цена на акциите, стои во предлог одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аутомакедонија лани со зголемена добивка

Аутомакедонија ќе продава имот во Белград

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести